„Од оваа дистанца, би се потрудила да ги вратам вистинските вредности во државата, политиката е навлезена во сите пори од живеењето, би сакала да се врати одговорноста, почитта, емпатијата, колективитетот, тоа е неопходно потребно. Моето работење во политиката, бев околу 9 години министер за култура, добро ми се познати состојбите во културата, сите проекти од моја страна се видливи. Горда сум на сето она што го имам постигнато, а сметам дека горда е и партијата ВМРО-ДПМНЕ. Јас комуницирам со голем дел од членовиуте на партијата, не е баш така како што некој сака да го претстави. Немам Фејсбук, комуницирам ако ве гледам во очи, да дебатираме, со критички осврт. Не бегам од критика, треба да функционираме интелектуално. Стојам зад секој моја одлука, моето размислување не е демагошко. Кој е предавник, кој патриот се гледа на дело, моето дејствување и делување е јавно, и секогаш ќе застанам спроти секој да дебатирам за тоа. Пак би го направила истото во врска со Преспанскиот договор, уште поактивно би се вклучила, секој треба да ги увиди грешките. Треба да сме активни чинители во секој процес. Тежок беше тој период, знаете колегите како размислуваат, а не сакаат да го изнесат своето ммислење. Некој друг нека биде предавник, јас ќе бидам патриот, велеа. И тогаш укажав на голем дел од грешките на СДСМ. И во однос на договорот, и договорот со Бугарија“ вели Елизабета Канчевска Милеска, поранешна министерка во Студио 10 на ТВ24.