Претседателот на Франција, Емануел Макрон, следниот месец доаѓа во Скопје и Тирана да ги посети Зоран Заев и Еди Рама, пишува Exit.al.
Дипломатски извор во Тирана изјави дека сè уште нема детали за оваа посета бидејќи неодамна било решено за посетата“, пишува Exit.al.
Францускиот претседател, Емануел Макрон во првото обраќање пред јавноста откако ги блокираше преговорите со Македонија и Албанија вчера, порача дека полноправното членство на ЕУ не треба повеќе да биде единствената политика кон земјите од соседството на ЕУ, доведувајќи го за прв пат јавно во прашање европската иднина и перспектива на земјите од западниот Балкан дадена во Солун во 2003.
-Разговаравме за визијата на секој од нас за Европа, јас не сметам дека проширувањето е единствената политика кон соседството, рече Макрон и додаде дека ЕУ не функционира каква што е сега.
Тој истакна дека со „овие земји“ треба да се има „стратешка агенда“, но дека не нужно тие треба да бидат идни земји членки на ЕУ.