Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Твитер објави дека телефонски разговарал со премиерот Зоран Заев со цел да ја реафирмира посветеноста на Алијансата на членството на Македонија.

– Добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев за реафирмирање на посветеноста на НАТО на членството на С. Македонија. Процесот на ратификација е во тек и со нетрпение очекуваме С. Македонија наскоро да и се приклучи на нашата Алијанса, објави Столтенберг.