Телото на исчезнатата прилепчанка Весна Николоска (50), по дводневна потрага денеска е пронајдено во водите на езерцето кај рудникот Сивец, информираат од МВР.

Исчезнувањето било пријавено на 17 декември од нејзиниот сопруг Т.Н. (51).По наредба на јавен обвинител телото ќе биде предадено на обдукција.Николовска од дома излегла во вечерните часови на 16 декември.

Вчера потрагата се прошири и во Кавадарци и во Неготино.