По двонеделна пауза поради европските квалификации за Мундијалот 2022 во Катар, денеска продолжуваат визбудувањата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) со натпреварите од 6. коло, кое ќе биде компелтирано во вторник.

Попладнево од терминот од 16 часот, Работнички ја пречекува Брегалница, Борец е домаќин на Пелистер, Струга на домашен терен ќе игра против Скопје, додека Ренова му гостува на Тиквеш.

Од 18 часот, Академија Пандев е домаќин Македонија Ѓ П.

Колото ќе биде компелрирано во вторник со дербито меѓу Шкендија и Шкупи.

Натпреварите ќе започнат со минута молчење во знак на почит на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово.