Премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе престојува во работна посета на институциите на Европската Унија во Брисел, соопшти владината прес-служба.
Премиерот Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, попладне ќе остварат средба со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.
Делегацијата на Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Заев потоа ќе има средба со претседателот на Европскиот парламент, Давид Марија Сасоли и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Во текот на утрешниот ден, премиерот Заев ќе оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија, Франс Тимерманс.
Синоќа еврокомесарот Хан упати јавно извинување до граѓаните на Македонија и Албанија поради затворените врати од ЕУ за почеток на преговорите.