Aвион во Истанбул ја промашил пистата за време на слетувањето, по што трупот на авионот се преполовил на два дела, пренесува АФП.

Турските медиуми јавуваат дека авионот се лизнал од пистата и завршил на патот. Телевизиските снимки покажуваат дека луѓето се евакуирани преку скршениот дел.

По слетувањето, авионот се запалил, но пожарот брзо бил изгаснат.