Имајќи го предвид историското и канонско право на Вселенската Патријаршија, заедно со моите сограѓани од православна вероисповед искрено се надевам и го очекувам скорото конечно решавање на административниот статус на Нашата црква преку доделување на Томос за автокефалност од Ваша страна, му пишува претседателот Стево Пендаровски во писмото до Вартоломеј.

– Целосното заокружување на автокефалноста на Нашата црква е од врвен национален интерес за нас бидејќи отвора можност за нов и необременет духовен раст на Охридската Архиепископија и напредок и помирување во македонското општество, му пишува Пендаровски во неговото писмо до вселенскиот патријарх.

Еуфемизмот Нашата (често и со знаменце како симбол наместо името), како заменка за старото и новото име на Македонија, сега полека влегува во употреба и за Нашата црква за да се одбегне Македонска. За да се избегне името Република Македонија, како и новото со Северна во средината политичарите често и вешто го заменуваат со Нашата земја. Сега тоа почнува да се употребува и за Нашата (Македонска православна црква). Тоа може да се види и од писмото на претседателот на Нашата земја што е објавено на официјалниот профил на Фејсбук на Пендаровски.

Целото писмо од претседателот на Нашата земја, за Нашата црква до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј може да го отворите ТУКА.

(Д.Г.)