Неколку дена по операцијата на коленото, капитенот на РК Вардар Столе Стоилов вели дека се чувствува одлично. Тој е среќен што повеќе ја нема болката која му ги отежнувала секојдневните активности. Докторите, пак, велат дека интервенцијата поминала во најдобар ред, а веќе од утре Столе може да почне со вежби и физикална терaпија, коишто ќе потпомогнат за побрза рехабилитација.