На Бадник, на 24 декември ќе се организира концерт во катедралата Нотр Дам во Париз, но тоа ќе биде без присуство на верници или публика, нагласи надбискупот на францускиот главен град, Мишел Опети.
Концертот ќе го одржи хор од 20 певци во придружба на оргули и виолончело, и оперската певица Жили Фиш. Опети рече дека концертот ќе се одржи во согласност со задолжителните здравствени мерки и ќе се емитува на телевизијата „Франс 2“.
Ова ќе биде прв ваков концерт, по пожарот што значително ја оштети грандиозната средновековна катедрала во Париз на 15 април 2019 година.