На Клиниката за инфективни болести денеска се хоспитализирани вкупно 64, примени 6 нови, 8 се со потешка клиничка слик, информираше денеска Филипче.
Неколку пациенти се во сосем добра состојба и доколку нивните тестови се негативни ќе бидат испишани. Истот веќе започна за 11 од вкупно 28 пациенти кои се на домашно лекување во Дебар.
„Денеска бевме на увид во монтажната болница до инфективната клиника во Скопје, следниот период ќе биде целосно ставена во функција, се поставуваат креветите, ќе се постави и сувата врска со клиниката. Капацитетот во клиниката е исполнет 50 отсто, но сметаме дека сега е добар момент да се прошири“, истакна Филипче.