Во Црна Гора во декември минатата година се регистрирани вкупно 77 лица, кои на своите сметки во домашните банки имале суми поголеми од еден милион евра, објави подгоричкиот весник „Побједа“.

Весникот, повикувајќи се на податоци од црногорската Централна банка, наведува дека „најбогатиот Црногорец“ на својата банкарска семтка има 50,28 милиони евра.

„Побједа“ посочува дека оваа сума е за 20 милиони евра поголема од најголемиот банкарски депозит на првно лице во Црна Гора.

Во 2017 година суми поголеми од еден милиони евра во банките имале 64 Црногорци, а во 2016 година – 54.

Според последниот попис, Црна Гора има вкупно 622.471 жител.