Собранискиот спикер Талат Џафери, денеска во Тирана ја доби титулата Doctor honoris causa на Универзитетскиот колеџ Киријази и стана почесен доктор на науки.

Doctor honoris causa е највисокото признание што Универзитетскиот колеџ Киријази им го доделува на истакнати личности за нивниот придонес во националните, меѓународните, академските, научните или културните области, како и нивната посебна поврзаност со овој Универзитет.

Пред две години Државниот универзитет во Тетово титулата почесен доктор на науки му ја додели и на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.