Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, рече дека само Барселона може да биде фаворит за освојување на Лигата на шампионите.

Лондонскиот тим ќе се бори во 1/2-финалето со Манчестер Сити и Каталонците можат да бидат само нивни соперник во финалето.

-Ако има фаворит во Лигата на шампионите, тоа е Барселона. Барса има одлични фудбалери, неверојатни, како и еден гениј. Меси е различен, прави работи кои никој не ги очекува и продолжува да нè изненадува. Тој го прави сето тоа на секој натпревар на секои три или четири дена веќе 11 или 12 сезони.

-Имав среќа да го гледам, да страдам од него. Штета што немам таков играч во мојот тим, нагласи Почетино.