Семејството на актерот Гоце Влахов, ја извести јавноста дека тој денеска починал. Во нивната објава стои:

„Почитувани пријатели и фанови на актерот Гоце Влахов,
Со длабока болка и тага соопштуваме дека Гоце почина денес после храбра шестгодишна борба со рак.
За оние кои сакаат да му оддадат почит, погребот ќе се одржи на 30.07 (вторник) во 11 часот во капелата во Бутел.

Ќерката и сопругата“.

Вахов е роден во 1949 година. Првиот филм во кој учествувал е Македонскот дел од пеколот во 1971 година. Легендарни се и неговите улоги во Македонските народни приказни.