Рано утрово почина поранешниот амбасадор и политички аналитичар Арсим Зеколи на 60-годишна возраст. Вестa ја објави неговиот брат Шефќет Зеколи на социјалните мрежи.
-Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денес, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, неочекувано почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966-2026) – се вели во неговата објава.
Погребната церемонија ќе се одржи денеска во 18:00 часот на гробиштата во селото Блаце.
Арсим Зеколи беше амбасадор на Македонија во организацијата на ОБСЕ во Виена. Тој во јавноста беше препознатлив како политички аналитичар, дипломат и остар критичар на политичките процеси, чии ставови често предизвикуваа внимание и дебата во јавниот простор.
Фото: Принтскрин




