Митото од 2.000 евра кое Богац го земал од Џемо е само почетокот на аферата во Царина вредна 18 милиони денари. Според информациите добиени од свиркачи, Богац преку вибер со Џемо го договарал тендерот вреден 18 милиони денари, а 2.000 евра биле првата од повеќето исплати кои требало да ги добие токму Богац како награда од Џемо, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
-ЈО мора да истражи дали е точна информацијата до која дојдовме дека Богац требал да добие 10 проценти од местениот тендер, односно 1,8 милиони денари? И СДС и Филипче молчат и не се оградуваат од криминалните афери на своите членови. Еден ден е Богац, еден ден е поранешен градоначалник на општина, друг ден е член на ИО на СДС, трет ден цели фамилии, браќа, братучеди, кланови. Од Филипче и СДС никаква осуда. Колку пари требал да земе Богац за Филипче да го смета ова за криминал? Дали можеби 20% како што Филипче зема за модуларната? Ова е СДС матрица на дело, посочи пратеникот.
Петрушевски посочи дека граѓаните мора да го увидат начинот на владеење на СДСМ за никогаш повторно да не ни се случи.




