Поранешниот американски претседател Џорџ Буш Постариот почина на 94-годишна возраст.

Портпарол на семејството изјави дека Буш починал синоќа околу 22 часот по локално време.

Буше беше 41 претседател на САД, од 1989 година до 1993 година. Осум години подоцна неговиот син, Џорџ Буш стана 43 претседател на САД.

Во време на Роналд Реган беше во два мандата потпретседател. Буш Постариот беше и шеф на ЦИА.

Неговата сопруга Барбара почина пред осум месеци. Буш живееше подолго од кој било од неговите претходници.