Според повеќе објави на социјалните мрежи, денеска починала нашата пијанистка Елена Мисиркова, внука на Крсте Петков Мисирков.

Проф. Виолета Ачковска, за овој жален настан напиша:

„Моја драга Елена, почивај во мир кај ангелите, со звуците на Шопен и Рахманов. Твојата енергија, силен дух и љубов кон Македонија остануваат како најскапоцени бисери. Душата ме боли, но животот е чуден и непредвидлив. Секогаш останува едно зошто. Бог знае. Ти само замина, остануваат спомените“.

Марјан Андонов Гијовски напиша: „Елена, не Ви беше време. За македонцките работи не се завршени!

Почит и оддаде и Игор Дурловски: „Почивајте во мир професорке, бевте пример како се сака уметноста, како се сака татковината.“