Маргот Кидер, глумица која е позната по улогата на Луис Лан во филмовите за Супермен, починала на 69 годишна возраст во својот дом.

Причината за смртта на Кидер, која со Кристофер Рид глумеше во филмовите за Суперен од 1977 до 1987 година, не е соопштена.

Во 1983 година глумела и со Питер О Тул во Пигмалион.

Кидер патела од биполарно пореметување дијагностицирано во 1996 година кога е пронајдена потполно дезориентирана како лута по улиците на Лос Анѓелес. Подоцна јавно говорела за својата болест за да ја подигне свеста на луѓето за тоа пореметување.