Џеки Сталоне, мајката на холивудскиот актер Силвестер Сталоне, почина на 98-годишна возраст, како што потврди нејзиниот најмлад син Френк, пренесува „Дејли мејл“.

Во објавата споделена на Инстаграм, Френк напиша „мајка ми почина во сон, како што посакуваше, во понеделник наутро“.

„Утрово, јас и моите браќа ја изгубивме нашата мајка Џеки Сталоне. Таа беше мајка на четири деца, Томи, Силвестер, Френки и мојата покојна сестра Тони Ен“, напиша 70-годишниот добитник на  наградата „Греми“.