Највозрасната Американка, Хестер Форд, почина во саботата на 116 години, оставајќи зад себе околу 200 правнуци, објави нејзиното семејство на социјалните мрежи.
Афроамериканката е родена во Јужна Каролина и израснала на фарма за памук, каде што работела како земјоделка, а потоа и како дадилка. Иако не е сигурно дали е родена 1905 или 1904 година, Групата за геронтолошки истражувања во САД во 2019 година ја призна Хестер како – најстара Американка.
„Таа го претставуваше напредокот на нашето семејство, но и напредокот на Афроамериканците и нивната култура во нашата земја. Таа не потсетуваше на патот што го минавме како нација“, рече нејзиното семејство.
Г-ѓа Форд е родена околу 40 години по укинувањето на ропството, но ја искусила сегрегацијата, која заврши дури во 1960-тите. Таа ја преживеала и пандемијата на шпанскиот грип. Имала повеќе од 280 потомци: 12 деца, 48 внуци, околу сто правнуци и приближно ист број праправнуци.
Починала дома, опкружена со семејството. Причината за смртта засега е непозната.
Најстарата жена во светот во моментов е Јапонката Кане Танака, која има 118 години.