Жителот на јапонскиот остров Хокаидо, Масазо Нонака, кој со 113 години беше прогласен за најстар маж во светот, почина денеска.

Нонака почина во својот дом во градот Ашоро.

Беше роден во 1905 година, и во изминатите неколку години живееше со своите внуци во подножје на планината Оакан на север на Хокаидо.

Неговите потомци се сопственици на мал хотел во Ашор.

Нонака е 30-ти на листата најстари луѓе во светот. Сите позиции над него ги заземаа – жени.