Градоначалникот на полското пристаниште Гдањск, Павел Адамович, беше нападнат со нож во неделата вечерта на добротворен настан. Како што објави Би-би-си, тој им подлегна на повредите.

Градоначалникот веднаш по нападот, на кој беше прободен со нож во срцето, беше пренесен во болница, каде што дежурниот лекар Јержи Карпински ја оцени неговата состојба како многу сериозна и беше подложен на операција, објави полската новинска агенција ПАП.

Нападот се случи пред неколку стотици луѓе на добротворна акција на која се собираа пари за да се купат медицински уреди. Напаѓачот беше уапсен од полицијата и, според портпаролот, тоа е 27-годишен жител на Гдањск.

Видеоснимката на „Јутјуб“ покажува човек како скока на сцената, го зграпчува микрофонот и вели дека претходната влада Граѓанска платформа (лево) го фрлила во затвор и го малтретирала.