На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, родилка која вчера попладне е донесена во Скопје со возило на Брза помош во фебрилна состојба со мртов плод во стомакот.

„На жената уште веднаш и е направена целосна лабораторија и земен брис за Ковид-19. Лекарите оперативно го извадија плодот, а од стомакот на мајката е евакуиран гној. Можна причина за фебрилноста е септичната состојба на пациентката, но тестот треба да утврди или отфли присуство на коронавирус. За време на интервенцијата состојбата кај пациентката се влоши при што истата беше интубирана, се пристапи кон целосна реанимација, но за жал во 22.00 е констатирана смрт. Причина за смртта е сепса со масивна тромбемболија, а пациентката ќе биде пратена на обдукција по што ќе има егзактна дијагноза – се наведува во соопштението од Гинекологија.

Од таму додаваат дека се работи за екстремно обезитна пациентка која во последните 5 месеци воопшто не се ни движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ни потребните гинеколошки контроли.