Овие шатори треба да бидат болнички одделенија ако дојде до ексалација со пациенти заразени од Ковид 19. Господ да ни е на помош.

Инаку, завчера Шилегов се пофали:

„Меѓуинституционалната соработка вроди со плод. На крај сме со поставувањето на полската болница во близина на Клиниката за инфективни болести. За неполни седум дена. Град Скопје, Министерство за здравство, Министерство за одбрана – институции со светски стандарди на исполнителност. Благодарност до вработените“, објави на ФБ завчера.

Читате, зборува за светски стандарди. Погледајте ја уште еднаш фотографијата.

Со фалбите не заостана ни Филипче:

„Мобилната болница треба да ги удвои капацитетите на Инфективната клиника. Тоа е болница што ја користи Армијата. Имавме интензивна комуникација со министерката за одбрана и целосно излегоа во пресрет со Армијата, а потоа и градот Скопје, што го обезбеди просторот каде што таа ќе биде сместена. Сметаме дека треба да биде блиску и да се надополни капацитетот на Инфективната клиника, зашто тука е и експертизата, а тука е и можноста да ротираат тимовите. Значи ќе има суви врски со Клиниката, ќе има и соодветни услови, тоалети, тушеви, и кревети“, рече Филипче.