Тихоокеанската островска држава Самоа е првата во светот, која со голем огномет во главниот град Апиа зачекори во 2019 година, а еден час по неа, Новата година ја прославија и во Нов Зеланд.
Жителите на Оукленд, Нов Зеланд уживаа во традиционалниот огномет од Скај Тауер.
Во Сиднеј, Австралија се очекуваат околу 1,5 милиони луѓе на бреговите на простаништата од каде ќе го следат спектакулраниот огномет. Организаторите наведуваат дека тоа ќе биде најголема прослава до сега и оти 12-минутниот огномет чини шест милиони австралиски долари.
Во Јапонија ѕвоната на будистичките храмови ќе се огласатр 108 пати, што го претставува бројот на земските искушенија кое една личност треба да ги надмине за да постигне нирвана, а со цел да се испрати старата и дочека Новата година.
Силен дожд не го наруши новогодишното расположение во Сиднеј, кој традиционално е домаќин на еден од најспектакуларните огномети.
Полицијата процени дека милион луѓе ќе се соберат за да го гледаат огнометот во сиднејското пристаниште, на кое се надоврза и природата, креирајќи свое шоу на небото со десетици молњи.
Точно на полноќ, беа ослободени 100.000 пиротехнички ефекти, придружувано од хитот на неодамна починатата кралица на соул музиката Арета Френклин, „Природна жена“.
Покрај Сиднеј, со огномет во 2019 година влегоа и Мелбурн и Бризбејн.
Генералниот секретар на Обединети нации Антонио Гутиереш во својата порака потсети на суровата реалност со којашто светот влегува во новата година.
– Климатските промени претставуваат егзистенцијална закана по Земјата и време е да ја зграпчиме нашата последна најдобра шанса. Но, има причини за надеж, но мора да бидеме сплотени, рече Гутиереш.