Тихоокеанската островска држава Самоа е првата во светот која ќе го прослави доаѓањето на новата 2019 година, откако пред неколку години ја смени својата временска зона.

Претходно оваа земја беше последната што ја дочекуваше Новата година.

Во 2011 година Самоа направи „скок во иднината“ кога го помести времето напред за 24 часа, го прескокна 30 декември 2011 година и премина директно на 31 декември.

Локалните жители и туристите во Самоа имаат шанса да бидат дел од две новогодошни празнувања – прво на полноќ да прослават во Западна Самоа, а утрото да поминат 164 километри до источниот дел на островите, кои припаѓаат на САД, и повторно, овој пат последни во светот, да ја дочекаат 2019 година.