Поголемиот дел од граѓаните немаат ништо против задолжувањето со кредит од Унгарија. Позитивно е мислењето на граѓаните и за мерката замрзнување на цените на одредени производи. Oва се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн од 16 до 25 септември на 1.200 испитаници.

Мерката за замрзнување на цените на одредени производи, како позитивна за македонската економија ја гледаат 72,6 отсто од граѓаните, додека како негативна само 18,3% од нив.

Printscreen

Поголемиот дел од граѓаните или 41,2 oтсто гледаат на задолжувањето со кредит од Унгарија за финансирање на инфраструктурни проекти во општините како позитивно случување, додека помал дел или 31,1% сметаат дека оваа владина одлука е негативна.

Printscreen

Владината мерка за линеарно покачување на пензиите 76,8 отсто од испитаниците ја оценија како позитивна за македонската економија. За само 16,6 отсто од испитаниците оваа мерка е негативна.

Printscreen

Една четвртина или 27,4% од граѓаните сметаат дека Владата е нетранспарентна во комуницирањето на нејзините политики и одлуки со јавноста.

Printscreen

Анкетирањето беше спроведено од 16 до 25 септември 2024 година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници, односно со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%.

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот 2021 година.