Тројца македонски велосипедисти денес од Скопје тргнаа за Истанбул за да им дадат почит на „турските маченици“ во неуспешниот државен удар.
Велосипедистите, како што јави агенцијата Анадолија, рекле дека одат со велосипеди најмногу во чест на Абдула Тајип Олчок. Абдула (17) и неговиот татко Ерол Олчок, се меѓу загинатите во неуспешниот пуч во јули 2016 година.
Велосипедистите Даим Мухарем, Левент Рифат и Беким Калиси на почетокот на своето патување рекоа дека сакаат да направат нешто специјално за Турција.
-Никогаш нема да ги заборавиме тие денови и мачениците кои на 15 јули умреа за иднината на својата земја – изјави Зекерија Мухарем, татко на Даим.