Откако тоа го направи Полска и Чешка најави дека ќе се спротвстави на изгласаните санкции во Европарламентот против Унгарија.
Како што веќе објавивме, вчера, Европарламентот изгласа санкции против Унгарија, заради „континуирано кршење на демократските закони“.
– Секоја земја има суверено право да спроведува внатрешни реформи кои ги смета за адекватни, соопшти Министерството за надворешни работи на Полска.
Акциите против држави – членки е со цел само да се продлабочи поделбата во ЕУ и да се зголеми веќе постоечката недоверба на граѓаните во европските институции, се наведува од Варшава.
Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека неговата Влада го поддржува унгарскиот премиер Виктор Орбан.
– Овој апсурд предизвикува само негативни емоции во Европската унија. Наместо поврзувања, тука е политиката. Значи, го поддржувам Орбан. Ние сме сојузници, изјави Бабиш за порталот Парламентни Листи.
Чешка и Полска се дел од Вишеградската група, заедно со Словачка и Унгарија.