Сегмент од говорот на британскиот европратеник Најџел Фараж по завчерашните напади врз Унгарија и Виктор Орбан во истото тело:

“Господине Орбан, му благодарам на Бога што има барем еден Европјанин кој е подготвен да застане зад своите принципи, својата нација и своите луѓе и да се спротивстави на такво екстремно малтретирање. Му благодарам на Бога што сте тука е се што можам да кажам…

… Комесарот кој доаѓа од неизбрана влада, има смелост вам да ви држи лекции по демократија, а имате 50 отсто од гласовите во вашата земја… Тие г-дине Орбан ја надградуваат доктрината на Брежњев за ограничениот суверенитет…

Сакаат да ви го одземат правото на глас, сакаат да прекинат да ви даваат европски финансии и се тоа поради што вие имавте смелост да се спротивставите на Џорџ Сорос, човекот кој потроши 15 милијарди долари насекаде низ светот во обид да ги растури националните држави, да ни ги отстрани традиционалните форми на демократија, и во Унгарија потроши пари за да промовира илегална имиграција во вашата држава и вие сосема во право му се спротивставивте и посакувам сите да го направевме истото. Господине Орбан, вие постојано велите дека сакате да останете член на оваа Европска Унија, но не е само вашата држава која била навредена денес. Вие сте навредени денес, време е да бидете пологични, придружете се кон брегзит клубот, ќе ви се допадне.“

За настаните кои го предизвикаа овој говор на Фараж, прочитајте на следниот линк.

European Parliament speech on Hungary

Mr Orbán should stop being insulted by the EU and join the Brexit club. He will love it.

Gepostet von Nigel Farage am Dienstag, 11. September 2018