Врховното народно собрание на Северна Кореја гласаше за прекин на сите договори со Јужна Кореја за унапредување на економската соработка, објави официјалната Корејска Централна телеграфска агенција (KCTA). Ова се случува во услови на континуирано брзо влошување на односите меѓу двете Кореи.

Собранието, кое презема официјални чекори за преточување на директивите од владејачката Работничка партија на Кореја во закон, исто така гласаше за укинување на законите што ги регулираат економските односи со Сеул, вклучително и посебен закон за функционирање на заедничкиот проект за развој на туристичкиот регион Кумгангсан.

Минатата година, Северна Кореја изјави дека ја смета Јужна Кореја за непријател и го откажа воениот договор постигнат во 2018 година, кој имаше за цел да ги намали тензиите долж воената граница воспоставена со примирјето со кое завршија непријателствата за време на Корејската војна (1950 – 1953 година).

фото: архива