Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер синоќа претрпе минимален пораз од Партизан од 31-30 (18-11) на гостувањето во Белград во рамки на подготовките за новата сезона во која битолскиот клуб ќе дебитира во Лигата на шампиони.

Македонскиот шампион утре заминува за Добој, следната недела го очекува настап на престижниот ракометен ТВ турнир.

Битолскиот состав е во фаза на подготовки за стартот на новата сезона во македонската Суперлига и дебито во Лигата на шампиони.

Првиот предизвик во елитното европско клупско натпреварување за Еурофарм Пелистер е на 13 септември кога во Битола ќе гостува данскиот шампион Колштад.