Претседателот Стево Пендаровски, кој во изборната кампања се „фалеше“ со скромно „југо“ наскоро ќе се вози во автомобил со 7-степен автоматски менувач.

Долго време се водеше „црна кампања“ против поранешниот премиер Никола Груевски поради набавката на блиндинираниот „мерцедес“, со кој се уште се возат функционерите на актуелната власт и се најавуваше негова продажба, за тие пари да се купат амбулантни возила. Но, наместо тоа што беше ветувано, од тогаш со парите од граѓаните се купени уште многу возила за државната ергела.

А автомобилот за Кабинетот на Пендаровски се купува токму во време на пандемија на кооронавирусот, кога амбулантни возила се повеќе од потребни.

Како што објави порталот Курир, на 27 април Кабинетот на претседателот распиша оглас на Бирото за јавни набавки за набавка на патничко моторно возило, меѓутоа без објавување на проценетата вредност на автомобилот.

Објавените карактеристики во тендерската документација наведуваат дека се бара автомобил со 7-степен автоматски менувач, тонирани стакла, камера за паркирање и други карактеристики кои се одраз на еден скап и луксузен автомобил. Во време на пандемија и криза овој автомобил е еден од многуте скапи набавки кои ги врши власта.