Советникот на украинскиот претседател Володомир Зеленски и еден од членовите на украинската преговарачка делегација, Михаил Подољак, на Твитер објави фотографија и вест дека разговорите меѓу двете делегации се во тек.
– Страните активно ги искажуваат своите позиции кои веќе се прецизирани. Комуникацијата е тешка, но оди. Причината за разликите е тоа што имаме многу различни политички системи. Украина е за слободен дијалог во општеството и задолжителен консензус. Русија е за ултимативно потиснување на сопственото општество, напиша Подољак објавувајќи ја фотографијата.
Денешната четврта рудна преговори меѓу двете делегации се одвива онлајн, преку видео конференциска врска, што добро може да се види од фотографијата што Подољак ја постави на Твитер.