Извори на Си-Ен-Ен пред малку потврдиле дека ќерката на Коби Брајант, Џана, била на хеликоптерот кој се урна, и е меѓу загинатите.
Тие оделе на кошаркарски натпревар на Џана, а во хеликоптерот се наоѓале уште еден родител со детето и еден поранешен играч.
Претходно ТМЗ и ЕСПН известија дека една од четирите ќерки на Брајант е меѓу загинатите, но по грешката на Еј-Би-Си кој извести дека целото семејство се наоѓало на хеликоптерот и се соочи со гневот на гледачите, позначајните медиуми беа воздржани околу оваа информација.
RIP to Gigi?❤️ was so excited to see her play in the WNBA. So sad ? pic.twitter.com/ELEezkruZk
— Lakers Empire (@LakersEmpire) January 26, 2020