Пол Инс е уште една легендарна фигура на Манчестер Јунајтед, кој ја коментираше слабата игра на клубот.

Англиските медиуми ги пренесоа зборовите на Инс дека во моментов фудбалерите на „црвените ѓаволи“ сосема намерно губат натпревари, за да предизвикаат разрешување на тренерот Жозе Мурињо.

Тензијата помеѓу Мурињо и најскапата инвестиција во историјата на клубот – Пол Погба е веќе сосема очигледна. Во моментов, англискиот гигант го доживува најслабиот почеток на сезоната по повеќе од половина век.

Некогашниот капитен на англиската репрезентација директно ги обвини фудбалерите за намерно губење дуели, а според нив, тоа е единствениот начин да биде отпуштен „Специјалниот“.

– Ми се чини дека повеќе немаат интерес да играат за Жозе Мурињо. Кога играв за овој клуб, мислев дека е чест. Иако не можев секогаш да се претставувам добро, никој не може да ме обвини дека не сум давал се од себе. Она што ме прави особено разочаран е што овие играчи се целосно среќни ако Мурињо си замине. Мора да го признаеме фактот дека тие се одговорни за начинот на кој тие играат. Во моментов, тие само го фрлаат Мурињо „под гумите на автобусот“, додека тие играат слабо недела по недела. А второво доста често им се случува, вели Инс

Тој смета дека некои играчи сакаат Манчестер Јунајтед да загуби само за да додаде тоа поголем притисок врз Мурињо и да биде исфрлен од клубот.

– Се разбира дека ќе биде тивко на „Олд Трафорд“ против Валенсија! Играчите треба да направат се за да се покажат достојни. Зошто навивачите да се мачат да го поддржуваат овој тим на Јунајтед кој го гледаат токму сега? Да ја земеме на пример ситуацијата со Алексис Санчез. Во Арсенал, тој беше играч од светска класа. Сега ми е тешко да верувам дека ова е истата личност. Ако јас сум Ед Вудворд (извршниот потпретседател на Јунајтед – н.з,) и му плаќам на Санчез топ плата, ќе поставувам прашања зошто тој дури не влегува во составот за некои натпревари. Ако фрлам толку многу пари, би сакал да видам што добивам за возврат, вели легендата на Јунајтед.