Македонската ракометна репрезентација попладнево во Виена одржа полесен тренинг во пресрет на утрешниот натпревар со Чешка во второто коло од Б-групата на Европското првенство.

Здравствениот билтен во репрезентацијата е добар и селекторот Данило Брестовац нема проблеми со повредени играчи по вчерашниот тежок дуел со Украина.

„Црвено-жолтите“ тренираа во „Штадхале“ во Виена каде утре од 16 часот се среќаваат со Чешка, можеби во мечот кој ќе одлучи за патникот во следната фаза од оваа група.