Во четири региони во северниот дел на Грција, односно во областа Пиерија во која спаѓаат Катерини, Паралија, Неи Пори, Платамона и сл, во областите Иматија, Пела и Кавала од денеска е воведен полициски час од еден часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, јави дописничката на МИА од Атина.
Конкретните региони, поради епидемиолошката состојба се префрлени во црвената зона, а истите мерки се продолжуваат во уште две области, Арголида на Пелопонез и Евританија во централна Грција.
Регионите Илија, Ахаија и Месинија на Пелопонез, островот Икарија и градот Ираклио на Крит, од црвената преминуваат во портокаловата зона и се укинуваат рестрикциите што важеа до вчера.
Мерките се во сила до следниот петок во 6 часот наутро.