СДС кои го зголемија ДДВ на прехранбените производи од 5% на 10%, без никаква грижа и срам, сега упорно глуми загриженост и бара истото да се укине.

Пустошот кој што го оставија за седумгодишното владеење, ни со магично стапче не може да се среди за седум месеци.

Ова се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое подолу го пренесуваме во целост:

Ако некој е виновен за цените на производите, тоа се единствено СДС. Цените на производите се зголемија во време на СДС и скапотијата е директна нивна последица која ВМРО-ДПМНЕ ја наследи.

Наместо да работат во интерес на државата и на граѓаните, СДС седум години работеше за приватни бизнис интереси на поединци во нивните редови, како Зоран Заев и сегашниот нивен претседател, Венко Филипче.

Додека народот осиромашуваше, Заев и Филипче енормно го зголемија нивното богатство. Додека народот се мислеше како да го помине месецот, Заев и Филипче не оставија бизнис во кој што не влегле. И се тоа се разбира, од парите кои што, наместо во државата и кај граѓаните, завршуваа во нивни џебови.

СДС не направи ништо за да ја подобри состојбата на економски план, да ја раздвижи економијата која директно влијае на животниот стандард на граѓаните и да ја намали инфлацијата, која во време на нивно владеење беше двоцифрена. Наместо тоа, исклучиво работеше за богатење на нивната елита, а граѓаните одвај врзуваа крај со крај и беа оставени сами на себе.

СДС го остави државниот буџет празен и на колена, а институциите девастирани.

Но, тоа време заврши. Сега граѓаните имаат Влада која што се грижи за нивните и интересите на државата.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за неколку месеци го запре слободниот пад на економијата и на историско ниво ги зголеми странските инвестиции, ја намали инфлацијата на ниво од 3.5%, додека раст на економијата во 2024 година е 2,3%.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно води грижа за стандардот на граѓаните, зголеми плати и пензии и презема активни мерки за намалување на цените на производите, како последната новогодишна кошничка во која се најдоа на 1000 производи со намалени цени.

ВМРО-ДПМНЕ