Еден актуелен политички виц се врти по социјалните мрежи, кој белки не е со говор на омраза, што денес претставува пандан на вербален деликт од времето на социјалистичкиот режим на маршалот на бивша СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Со ограда вицов да не биде протолкуван ни како „говор на љубов“, но ни како „говор на омраза“, еве го:

Се возеле во авион Никола Димитров и Зоран Заев. Димитров погледнал од височина, погледнал кон Заев, па досетливо му рекол:

– Да фрлам 100 евра ќе усреќам еден Македонец!

На Заев му се допаднала идејата и веднаш ја надградил:

– Абе фрли 10 по100 евра, така ќе усреќиш 10 Македонци!

Ги слушнал пилотот и се обидел да биде подостелив и од Димитров. Се охрабрил и им предложил:

– А зошто само еден или само 10 Македонци да усреќите? Можете да усреќите два милиона Македонци!

Заев и Димитров потскокнале: „Но, како да усреќиме два милиона Македонци?“

– Наместо да фрлате евра, од авионов да се фрлите вие двајцата!