Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој воедно е и портпарол на ДУИ, на социјалните мрежи објави дека ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори, доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада.
Неговата реакција доаѓа откако Мицкоски по средбата со Ковачевски порача дека ВМРО-ДПМНЕ би влегла во широка Влада, во која нема да ја има ДУИ.