Претседателот на Француската одбојкарска федерација (ФФВБ), Ерик Тангуј, објави дека француската репрезентација нема да учествува на Светското првенство во 2022 година доколку истото се одржи во Русија.
– Безбедноста на нашите сограѓани е наш приоритет и ќе се потрудиме да ја гарантираме за време на национални или меѓународни натпревари. Во овој контекст и во оваа фаза, Франција нема да учествува на Светското првенство доколку Русија ги задржи правата за негово домаќинство, рече Тангуј.
Мундијалот треба да се игра претстојното лето во 10 руски градови: Москва, Санкт Петербург, Калининград, Јарослав, Казан, Екатеринбург, Уфа, Новосибирск, Кемерово и Краснојарск.
Претходно, Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ) објави дека не планира да го премести Светското првенство 2022 година од Русија.