Мораме да гледаме на проширувањето на ЕУ со поригорозен став, рекол францускиот претседател

 

Францускиот претседател Емануел Макрон ги поли со студена вода надежите на балканските земји дека наскоро ќе станат членки на Унијата, пишува Политико.

Како што се наведува во текстот, францускиот лидер звучел прилично скептично по прашањето за проширување на ЕУ, истакнувајќи дека примањето нови членки ја ослабило ЕУ.

„Тој тоа го кажа на самитот во Софија, чија идеја беше да се зајакнат врските меѓу регионот и ЕУ. Коментарите на Макрон предизвикаа разочарување во Албанија и Македонија, земји кои се надеваат на зелено светло за почеток на преговорите за членство, по добивањето на начелна согласност од Европската комисија“, наведува Политико.

Во текстот се цитираат изјавите на Макрон:

 Тоа што го видовме во последните 15 години е пат кој ја ослаби Европа и тоа се случува скеогаш кога ќе помислиме на проширување. Не мислам дека вака им помагаме на кандидатите, ниту си помагаме себе. Сакам да го приврземе Балканот кон Европа, но мислам дека мораме да гледаме на идните проширување со поригорозен став. Не сум за проширување на ЕУ пред да се увериме дека постојат вистински реформи кои ќе помогнат за подобро функционирање на Унијата“, навел Макрон.

Политико наведува дека Балканот се врати на агендата на ЕУ, откако лидерите беа предупредени на влијанието на Русија на Балканот, а бегалската криза од 2015 година исто така ги потсети на значењето на Балканот.

„Членките на ЕУ се со поделено мислење дали сите шест земји, Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија, еден ден ќе станат членки на ЕУ. Исто така, се разликуваат и во поглед на времето кога следните членки би биле примени. Србија и Црна Гора веќе се во преговори, а ЕК сугерираше дека можат да станат членки на ЕУ до 2025 година. Сепак, одредени кругови во Брисел кон таа цел гледаат со скепса…  Оттаму порачуваат дека сите идни членки од регионот мораат да се справат со корупцијата и организраниот криминал и да ги подигнат демократските стандарди пред да станал дел од ЕУ“, наведува Политико.