СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.К. (39) од гостиварското село Долна Бањица поради сомнение за сторени кривични дела „кражба во обид“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

Според информациите од полицијата, на 5 ноември 2026 година, пријавениот влегол во станот на В.Р. и се обидел да одземе два куфери со ловечки пушки и муниција, за кои сопственикот поседувал соодветна дозвола.

Во меѓувреме, сопственикот се вратил во станот и забележал дека оружјето недостасува, по што случајот го пријавил во полиција.

Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, го пронашле осомничениот, а оружјето било одземено од него.

По документирање на случајот, против 39-годишникот е поднесена соодветна кривична пријава.