Полските власти порачаа дека ќе го блокираат секој обид на ЕУ да и наметне санкции на Унгарија. Изјавата доаѓа непосредно откако ЕП покрена процес со кој ја обвинува Унгарија за кршење на основните човекови права, главно врзано за затворање на границата за мигрантите.
Полскиот став доаѓа речиси истовремено со ставот на чешкиот премиер дека неговата земја нема да поддржи казнување на Унгарија.
Од Министерството за надворешни работи на Полска порачале:
„Секоја земја има суверено право да спроведе интерни реформи кои ги смета за прикладни . Потезите против државите членки само ја продлабочуваат поделбата во ЕУ и ја зголемуваат недовербата на граѓаните против институциите на ЕУ.“
ЕП во средата покрена процедура против Унгарија „за занемарување на демократските норми“. Мета на нападот е унгарскиот премиер Виктор Орбан кој е еден од најжестоките критичари на германската канцеларка Ангела Меркел и нејзината политика кон мигрантите.