Полски изведувачи денеска почнаа да работат на изградба на нов ѕид долж границата со Белорусија, чија цел е да ги спречи мигрантите да преминуваат по кризата во регионот минатата година.

Ѕидот висок 5,5 метри, чија вредност изнесува 353 милиони евра, ќе се протега на 186 километри од границата, што е речиси половина од нејзината вкупна должина, и треба да биде завршен во јуни.

Изградбата предизвика загриженост за човековите права, односно начинот на кој мигрантите ќе можат да бараат азил, како и за влијанието врз дивиот природа низ главно пошумената граница.

– Нашата намера е да ја сведеме штетата на минимум, изјави денеска портпаролката на Граничната стража Ана Михалска.

– Сечата на дрвјата ќе биде ограничена на минимум. Ѕидот ќе биде изграден покрај граничниот пат, истакна Михалска, додавајќи дека изведувачите ќе ги користат само постоечките патишта.

Минатата година илјадници мигранти, главно од Блискиот Исток, ја преминале или се обиделе да ја преминат границата од Белорусија кон Полска.