Нерешено – 1:1 по полувремето со Русија во пресметката за пласман меѓу четиритте најдобри фудбалски репрезентации на светот. Неочекувано, Русите поведоа со прекрасен гол на Черисов, играчот на Виљареал, во 31минута.
Крамариќ во 39-тата минута со убав гол со глава, во шах мат за руските играчи, го израмни резултатот со кој се замина на одмор. Неизвесно е да се прогнозира како ќе се одвива натпреварот во второто полувреме.
Русија по правило има помал посед на топката, нејзините играчи очигледно се свесни дека технички се инфериорни во однос на Хватска, но и тие ги имаат своите шанси. Ова не е екипата на Хрватска од натпреварот со Аргентина, тоа впрочем се види и на натпреварот со Данска, но сепак, коцкестите имаат мала предност во второто полувреме. Посебно што статистиката покажува дека Хрватска дава повеќе голово во второто полувреме.