Централните банки на Турција и на Катар постигнаа договор за валутна размена и за поддршка на финансиската стабилност на Турција.
Ова е објавено вчера од кредитната институција на емиратот само неколку дена откако Доха, сојузник на Анкара, вети 15 милијарди долари помош за турската економија.
Договорот бил потпишан во петокот од гувернерите на двете централни банки.
Катарскиот емир неодамна одобри пакет економски планови и инвестиции за Турција наменети за поддршка на турската лира која е погодена од интензивна монетарна криза. Турската валута оваа година загуби речиси 40 проценти во однос на американскиот долар.